Радио Милева
живот на работ...

Шабан Шаулиќ пред да загине два пати и гледал на смртта в очи, а не била ни болест ни сообраќајка

Шабан Шаулиќ пред да загине два пати и гледал на смртта в очи, а не била ни болест ни сообраќајка

Шабан Шаулиќ нè напушти на возраст од 68 години, но секогаш ќе остане во срцата како крал на народна музика. Неговиот живот бил исполнет со разни ситуации и анегдоти, меѓу кои и неколку исклучително опасни. Една од нив се случила на една гастарбајтерска свадба во Германија, кога вооружени напаѓачи одеднаш влегле во ресторанот за да ги ограбат гостите, додека тој пеел.

„Неколку напаѓачи штом влегле веднаш почнале  да пукаат од “Хеклери” (автоматски пиштоли). Во салата испукаа неколку куршуми. Завладаа молк и тишина. Бевме потполно шокирани“ – своевремено ќе раскаже Шабан. Тој објаснил дека еден од напаѓачите тогаш викнал: “Сите легнувајте долу, на земја. Извадете ги паричниците, часовници и телефоните“.

Четворицата од нив,  ги контролирале гостите, додека останатите стоеле пред влезот пред да избегаат што побрзо. Напаѓачите ги опколиле Шабан и неговите колеги, а потоа му рекле дека тој може да стане.
Човекот застана зад мене и рече: “Кралу, ти  седни! Нема причина да лежиш… седи и уживај, тебе те почитуваме“.  Си помислив: “Ако седнам, ќе добијам куршум во грбот… но седнав“. Јас дури и не им се заблагодарив, се исплашив, беа наоружани“, се сеќавал Шабан подоцна.

Најлошото нешто сепак го мдоживеал кога, пред 15 години, во еден темен премин во Виена, дрогирани тинејџери го изболе со нож и го претепале со метален боксирач.

„Беше страшно. И гледав на смртта во очи. Онака, избоден и крвав, се качував, и денес се сеќавам, по 73 степеници, и некако и се јавив на пријателката која, за среќа, веднаш се јави во брза помош. Додека ме хоспитализираа, рекоа дека ќе сум умрел само половина час подоцна, бидејќи ќе искрварев. Никогаш не дознав што всушност се случи, иако се говореше дека газдата на некое кафуле ми го наместил сето тоа, зашто не пеев кај него, туку кај неговиот конкурент. Слушнав дека платил 3.000 тогашни марки за да ме претепаат и да ме прободат со нож“ – раскажуваше своевремено кралот на фолк музиката.