Радио Милева
го устоличија без најава

Шабан е крал на народната музика: Еве го неговото крунисување (ВИДЕО)

Шабан е крал на народната музика: Еве го неговото крунисување (ВИДЕО)

За време на својот живот, Шабан Шаулиќ заради своите вокални кавалитети и песните што допираат до најдлабоките чувства на душата го доби епитетот “крал на народна музика“, кој ќе го носи и по својата смрт. Но, Шабан не беше само симболично крал на народната музика. Во една прилика тој доби и златна круна како подарок за неговото пеење на една свадба, по што кралот на фолкот и официјално беше крунисан и устоличен.

„Имавме толку голема желба кралот да ни пее на свадбата на нашиот син и еве го него тука, меѓу нас.  Затоа на оваа наша веселба мојата сопруга и јас  подготвивме и еден мал дар, со кој ќе го даруваме кралот. Луѓето велат дека си крал на народната песна, затоа ние овде ќе те крунисаме“!

Шабан беше видливо воодушевен и призна дека никој во неговата долга кариера не му го приредил ова.

„Вакво нешто ни на сон не сум можел да сонам. Никој не се сетил на ова за време на мојата долга кариера. Како да сте ми земале мерка. Не знам што да кажам, многу ви благодарам од срце. Јас сум навистина изненаден, ова ќе ги снимат камерите и се надевам дека ќе дојде и снимката до мене. јас ќе ја пуштам на сите телевизии, за да се види насекаде. Сега имам трема, иако ја немам кога пеам“,  ќе рече Шабан со  круната на глава.