Радио Милева

Северина славеше роденден на Велигден, но имаше и уште еден голем повод поради кој емоциите кон Игор ги сподели јавно (фото)

Северина славеше роденден на Велигден, но имаше и уште еден голем повод поради кој емоциите кон Игор ги сподели јавно (фото)
фото:северина/принтскрин/инсатграм

Пејачката Северина Којиќ имаше неколку поводи за славење во својот дом. Имено, вчерашниот ден беше исполнет со многу љубов за пејачката, која заедно со пријателите наздрави за убавите денови и оние што доаѓаат.

Поводи имеше неколку, Северина наполни 47 години, поминаа четири години откако ја запроси сопругот Игор Којиќ, а исто така го славеа и големиот празник, католички Велчигден.

фото:северина/принтскрин/инсатграм

-Прекрасно е да се слави роденден на Велигден со човекот на мојот живот кој на денешен ден пред 4 години ме запроси. Ти благодарам љубов моја на секој наш ден, благодарам на двојата добрина, благодарам на сите на прекрасните честитки, пишува Северина.

Роденденот го прослави со најблиските пријатели и сопругот, а на социјалните мрежи се најдоа неколку фотографии од славеничките моменти.

фото:принтскрин/инсатграм

Инаку, Северина изминатата недела имаше операција на хернија, но очигледно е дека закрепнувањето било брзо.