Радио Милева

Северина првпат проговори откако го изгуби старателството: „Не пишувајте дека плачам, на синот сум му потребна онаква каква што сум“

Северина првпат проговори откако го изгуби старателството: „Не пишувајте дека плачам, на синот сум му потребна онаква каква што сум“
фото: ата имагес

Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.

Хрватската пејачка истакна дека не очекувала ваква одлука и дека била изненадена од ваквата одлука на судот. Исто така пејачката преку емотивно писмо се обрати на својот син и истакна дека од нејзиниот син ја разделува само документи.

Судот одлучи дека Северина ќе може да го гледа синот секој вторник и четврток меѓу 15 и 20 часот и секој втор викенд. Освен тоа, на секој 15ти во месецот, Северина ќе плаќа алименатација од 168 евра.

Којиќ во интервју за јутарњи. хр првпат првпат проговори откако го изгуби старателството на синот.

„Бевме многу духовити, пеевме, се смеевме, правевме палачинки. Ја пуштивме Дубиоза. Во тој момент мислев на Александар и ништо да не почувствува. Плачете во друга соба, никој да не слушне. Му реков: „Ќе се видиме во сабота и ќе растуриме на „xbox“ вели Северина.

Којиќ откри дека судијата не ги прифатил доказите кои биле доставени од страна на нејзините адвокати.

Севе заедно со својот правен тим не планира да се откаже од правната борба.

фото: принтскрин/јутарњи.хр

„Се очекував, но ова не. Се плашев, посебно после последното рочиште. Но, сега од ништо не се плашам. Во животот доживеав многу работи поради кои се срамев од другите, а не од себе. Тоа е животот, но ова е големо искушение кое ќе го издржам бидејќи на моето дете му требам онаква каква што сум, а тоа е добра, здрава и присебна мајка. Како што вели Тито: „Не го признавам нивниот суд, но ќе го почитувам“ вели Северина.

фото: ата имагес

Судот и беше забранил на Северина да објавува фотографии од нејзиниот син на социјланите мрежи.

„Јас пред сум горда на своето дете. Меси објавува фотографии од своето дете на Инстаграм, а на мене ми е забрането со судска одлука да објавувам фотографии со синот кој се смее. Мене не ми треба слава, мене ме знаат 30 години и ме познаваат повеќе од некои гарнитурата на некои луѓе во овие институции. Јас сум позната, но тоа го постигнав со својата работа и труд, исто како Новак Ѓоковиќ и Меси. И следниот викенд имам концерт во Арена, а мојот син нема да биде таму, а многу сакаше да дојде на концертот и се радуваше кога бевме во Сплит“ вели Северина низ солзи и додава:

„Не пишувајте дека плачам“.

фото: Никола Томиќ

Исто така синот на Северина пред неколку недели беше малтретиран во училиште, а сега пејчаката ги откри сите детали.

„Откако беше пуштен од училиште детето има трауми и постојат аналази и доктори кои го докажуваат тоа, но судот не ги призна“ вели Северина.

Многумина јавни личности станаа на страната на Северина и ја подржаа пејачката.

Останати вести од Радио Милева