Радио Милева

Северина повторно обвинета за кражба: Пејачката треба да плати оштета на сликар поради повреда на авторски права

Северина повторно обвинета за кражба: Пејачката треба да плати оштета на сликар поради повреда на авторски права
фото: принтскрин/инстаграм

Хрватската пејачка Северина Којиќ на својот албум „Здраво, Маријо“ од 2008 година без дозвола ги користела мотивите на сликарот Мијо Ковачиќ и ќе мора да плати казна поради повреда на авторските права.

Во Општинскиот граѓански суд во Загреб е донесена пресуда според која Северина, издавачката куќа „Dallas Recrods“ и фирмата „Motivo d.o.o“ треба на сликарот да исплатат оштета  поради повреда на авторски права во износ од 26.089 куни или 2. 3000 евра.

Станува збор за обвивката на албумот на Северина „Здраво Маријо“, на кој дел од сликарскиот опус на Мијо, мотивите од делата „Селски танц“ и „Главица од зелка“, се користат без одобрување на авторот.

– Да ме прашаше Северина, ќе ѝ ги дадев правата за користење. Но, не ме праша. И тоа не е во ред. Еден мој пријател ми кажа уште тогаш и јас дури и бев вознемирен. Затоа што, преведено гледано, тоа е кражба. Јас во тоа вложив труд, а Северина е популарна ѕвезда. Но, јас не ја познавам неа за да можам да судам. Не ја слушам нејзината музика, не е по мој вкус – изјавил Ковачиќ за „Јутарњи лист“.

фото: Принтскрин

„Нека им биде на душа, ако не препознаваат дека се виновни – додава тој. Мијо посочува дека не станува збор за парите, а тој треба да ги даде авторските права, како што вели, бесплатно. Само доволно било да го праша.

– Треба да се јавите и да прашате. Луѓе сме. На крајот на краиштата, до мене лесно е да дојдеш. И во живо и телефонски – вели легендарниот сликар.

За потсетување, поранешниот стилист на Северина исто така ги обивини нејзините соработници за кражба на идеи за костимите за големата турнеја.

Останати вести од Радио Милева