Радио Милева

Северина откри како настанала една од нејзините најубави песни: „Ја напишав за другарка ми која почина“

Северина откри како настанала една од нејзините најубави песни: „Ја напишав за другарка ми која почина“
фото: промо

Откако Северина го издаде својот албум „Хало“, во медиумите почна да се пишува дека пејачката ја прекинала соработката со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ.

Во интервју за Дневен Аваз, пејачката откри колку е силна, зборуваше за африканската свадба на Занзибар, но и за спотот на песната „Кума“ за која искористи снимки од својата свадба со Игор Којиќ.

Публиката посебно ги сака нејзините песни кои Северина сама ги напишала, а меѓу нив е и песната „Пријатељице“.

„Таа песна ја напишав кон крајот на средното училиште. Ми се јави пријателка од Загреб и ми кажа дека починала третата пријателка. Шок. Плачевме во неверување, беше најубава во одделнието и тогаш одлучив да и напишам песна. Многу ми е драго што девојките ја сакаат таа песна и што со неа слават пријателство“ вели Северина.

На крајот открива дека мајчинството многу ја променило и дека љубовта за неа е се.

Останати вести од Радио Милева