Радио Милева

Северина на „Инстаграм“ се заблагодари за поддршката, па ја спомна и Македонија (фото)

Северина на „Инстаграм“ се заблагодари за поддршката, па ја спомна и Македонија (фото)
фото: Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Којиќ поминува низ тежок период откако го изгуби старателството на нејзиниот син Александар.

Имено, судот во Загреб донесе привремена одлука со која се одлучува Александар да живее со неговиот татко, поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ.

Со одлуката  исто така е одлучено Северина дека има право секој втор викенд да го поминува со синот, а исто така да го гледа во вторник и четврток.

фото: инстаграм

По ова немила случка, хрватската пејачка доби поддршка од целиот регионот и многубројни јавни личности кои застанаа на нејзина страна.

Севе сега преку својот „Инстаграм“ профил им се заблагодари на сите на поддршката, а ја спомна и Македонија.

„Благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството да си на некој во мислите, да те разбираат и да знаат за што се работи. Благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував молитва. Благодарам на Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и благодарам на сите кои живеат во дијаспората“ напиша Којиќ  на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм

Пејачката продолжува со својата турнеја низ регионот, а вечерва има концерт во Загреб.

Останати вести од Радио Милева