Радио Милева
го земала и не го вратила...

Северина го „киднапирала“ својот осумгодишен син од бившиот сопруг Милан, со кого детето живее: Пејачката ја чека пеколна казна! (ФОТО)

Северина го „киднапирала“ својот осумгодишен син од бившиот сопруг Милан, со кого детето живее: Пејачката ја чека пеколна казна! (ФОТО)

Северина Којиќ (48) наводно го „киднапирала“ својот осумгодишен син Александар! Хрватската поп-sвезда, која го загуби старателството над детето пред осум месеци, не му го вратила на бившиот сопруг  Милан Поповиќ (54) цели девет дена, јавува српски Информер.

Според одлуката на судот, пејачката може да го види својот син двапати неделно попладне, секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер, како и за две недели за време на училишниот распуст. Сепак, Северина ја прекршила оваа одлука на судот и едноставно исчезнала со момчето!

„На почетокот на летниот одмор, Александар поминал 14 дена со својата мајка, која требаше да го врати кај неговиот татко минатиот викенд. Таа не го стори тоа! Поминаа девет дена оттогаш, а Северина се’ уште се преправа и се прави наудрена! Бидејќи Милан има целосно старателство над момчето, ова може да се смета за киднапирање“ – вели близок извор на таткото на момчето и додава дека Северина не одговара на пораките и повиците на Милан, па затоа тој не знае каде е неговиот син:

„Никој не знае каде се Северина и Александар! Тие беа во нејзиниот стан во Сплит извесно време и беа видени на плажа. Тогаш беше известен Поповиќ дека некој ги запознал во Загреб, но оттогаш се губи целата трага од нив! Северина не одговара на повиците на Милан, ниту на повиците на неговите адвокати. Затоа ја пријавил за киднапирање на детето“ – ја објаснува ситуацијата изворот!

Милан размислувал да покрене и постапка против Северина. Тој се консултирал со адвокатите и тие му рекле дека има право да ја тужи. Во тој случај, судот би можел да и воведе целосна забрана за нејзино приближување кон Александар, бидејќи таа не ја почитувала неговата претходна одлука!

Останати вести од Радио Милева