Радио Милева

Сестрата на Меган Маркл се огласи по повод раѓањето на кралското бебе

Сестрата на Меган Маркл се огласи по повод раѓањето на кралското бебе
фото: профимедиа

Меган Маркл  и нејзината сестра Саманта се уште не ги закопаа воените секири.

Во минатото, Саманта не се штедеше со навреди за принцезата од Сасекс, а сега се огласи по повод раѓањето на кралското бебе.

Веста за раѓањето на бебето на Меган Маркл и принцот Хари и понатаму е главна тема во медиумите, но сега проговори и Саманта Грант полусестрата на војвотката од Сасекс.

Не е тајна дека двете сестри не се во најдобри односи, но сега Саманта откако доби внук сака да ги закопа воените секири со Меган, пренесува 24 сата.хр

фото: профимедиа

„Сакам мојот внук да знае дека има големо семејство и дека е дел од неверојатно време на историјата, дека сме возбудени за него“ вели Саманта  и додава:

фото: тањуг

„Возбудена сум поради Меган и Хари, навистина сум возбудена поради неа. Ја сакам и таа е моја помала сестра, не е важно што се навредувавме во минатото, таа мора да ја направи вистинската работа“ вели  и додава дека се надева дека раѓањето на кралското бебе ќе и помогне да исчезне ладниот однос меѓу Меган и нејзиниот татко Томас.

„Сакам Меган да биде дел од животот на Томас и да ги сподели овие преубави моменти“ вели Саманта.