Радио Милева

Серена Вилијамс застана во одбрана на Меган Маркл: „Ми е гајле за вашите коментари“

Серена Вилијамс застана во одбрана на Меган Маркл: „Ми е гајле за вашите коментари“

Дел од братинската јавност често ја критикува Меган Маркл, сопругата на принцот Хари.

Британскиот ТВ водител, Пирс Морган најжестоко ја искритикува истакнувјаќи дека престане да „цмиздари“.

Некогашната американска актерка, која поради свадбата со британскиот принц ја прекина кариера, сака да гледа тенис, но најчесто поради нејзината пријателка  Серена Вилијамс.

На Британците им пречи тоа што Меган во тенискиот храм во кралската ложа се појави во фармерки.

фото: тањуг

А потоа им пречело тоа што на еден натпревљар на Серена Вилијамс побарала од организаторите да пренесе на публиката да не ја фотографираат бидејќи пристигнало приватно.

Секако Серена, не се замара за коментарите кои биле упатени на нејзината пријателка.

„Не ни знаев дека постојат негативни коментари за неа“ изјавила  Сирена на новинарите и продолжила да зборува за својата пријателка:

„Кога и да го видам нејзиното име во весниците, јас не читам. Таа е другарка како може  само да се посака. Тука е кога е тешко и кога е добро. Тоа е се што ми треба од неа“ вели 37 – годишната тенисерка.

Останати вести од Радио Милева