Радио Милева

Сепак не е виновна Лејди Гага: Се појави нова теорија за раскинувањето на Ирина Шајк и Бредли Купер

Сепак не е виновна Лејди Гага: Се појави нова теорија за раскинувањето на Ирина Шајк и Бредли Купер
фото: тањуфа/п

Манекенката Ирина Шајк и Бредли Купер повеќе не се заедно, а наводно и Ирина се иселила од домот каде што живееше со Бредли.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите Бредли почнал да излегува и е подготвен за нови девојки.

Иако многумина ја обвинуваа Лејди Гага за нивното раскинување, сепак „People“ пренесува дека единствен виновник  е Купер.

Имено, како што вели извор, Бредли од Ирина се разделил уште за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“.

„Бредли и Ирина отсекогаш криеа за нивната врска, па малку луѓе знааат што се случуваше“ вели извор близок на парот.

Ирина и Бредли се обидоа да ја спасат врската а нивниот однос се промени бидејќи се одалечија.

Лејди Гага неколку пати демантираше дека има нешто со Купер, а неодамна кога фановите ја испровоцираа на еден настап, таа жестоко им одговори.