Радио Милева

Сенидах фатена со момчето кое со месеци го криеше! (ФОТО)

Сенидах фатена со момчето кое со месеци го криеше! (ФОТО)

Една од најпопуларните женски изведувачки во регионот, словенечката пејачка со босанско потекло Сенидах (34) ретко  објавува фотографии со детали од нејзиниот приватен живот. Особено го крие како змија нозете својот љубовен живот, а малкумина знаат дека во моментот ужива токму во љубовта со извесен Стефан О.

Бидејќи Сенида фасцинира со својот изгледот и харизмата, се очекуваше покрај неа да се појави некој ултразгоден маж.

 

Како што дознаваат регионалните медиуми, Сенида и Стефан веќе долго време се познавале, за што сведочи и малку постарата фотографија од нив.

Но, од пред неколку месеци тие се во врска и како што може да се види од фотографиите Сенида и Стефан се вљубени до уши.


Двојката уживала на јахта, а  престојувале во стариот град на Херцег Нови, каде што биле сместени претходните денови.

Сопственичката на хитот „Камиказа“ со ова ќе разочара многу мажи, зашто нејзиниот статус сега гласи – зафатена.

Ова е погледот од станот во Херцег Нови, снимен од популарната словенечка ѕвезда.

Останати вести од Радио Милева