Радио Милева
мирно море „министре“

Семејството на Борко Ристовски доби „нов член“, а малиот Душан, нова „играчка“ (ФОТО)

Семејството на Борко Ристовски доби „нов член“, а малиот Душан, нова „играчка“ (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски неодамна ја смени клупската средина, откако од Барселона премина во Бенфика, но ги смени и навиките. Откако неговата убава сопруга, кумановката Нина на свет го донесе нивниот син Душан, Борко не се дели од нив, демонстрирајќи колку е предаден и грижлив сопруг и татко.

Летото семејството Ристовски го минува на хрватското крајбрежје, а малиот Душан прв пат се запознава со морето, плажата, сонцето, убавините на летотото…

Така шетајќи се со мама Нина покрај песочниот брег, Душан виде чун… Му се стори интересен, па иако малечок да посака желба, сепак даде знак дека му се допаѓа…

Или барем така му се стори на тато Борко, кој не чекаше долго, па додека да трепнеш со око, семејството Ристовски доби „член“… Не  се во прашање ниту братче, ниту сестричка на Душан, туку, како што самата мама Нина напишала, неговата нова играчка во вид на вистински, прекрасен нов глисер.

Кога веќе „министерот за одбрана“ има можност да ги исполни желбите на својот син, своите или желбата можеби ја посака мама Нина? Чија и да е, уживањето во пријатното возење на вода ќе биде заедничко! Епа, мирно море, „министре“!