Радио Милева

Семеен портрет: Лора Турунџиева за првпат го покажа лицето на синчето Јаков (фото)

Семеен портрет: Лора Турунџиева за првпат го покажа лицето на синчето Јаков (фото)
фото:фејсбук/лора турунџиева наунов

Пред два месеци, 19 годишната ќерка на ТВ водителката, музичар и писателка, Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева – Наунов, и нејзиниот сопруг Филип, станаа горди родители на своето прво дете. На 7-ми март се роди малиот наследник кој до носи името Јаков.

Иако Лора не објавуваше многу фотографии со трудничкиот стомак, по породувањето на изненадување, објави заедничка фотографија со сопругот и сичнето на излезот од Клиниката за гинекологија во Скопје каде се породи.

фото:фејсбук/лора турунџиева наунов

Потоа следеа уште низа фотографии со бебенцето, но ниедна каде се гледа неговорто лиценце. Веројатно новопечените мама и тато како да чекаа да поминат 40 дена, за да го покажат малиот Јаков и на кого личи.

Нема сомнеж дека нивната среќа е неизмерна и дека во себе имаат неописливи чувства на гордост, радост, љубов… а тоа сега сакаат да им го видат сите.

фото:фејсбук/лора турунџиева наунов

Никој друг нема да знае колку е силна мојата љубов за тебе. Ти си единствениот што знае како моето срце звучи одвнатре, напиша мама Лора во описот на една од фотографиите објавени на нејзиниот проифил на Фејсбук.

Откако се фотографираа во домашен амбиент, тоа го направија и со професионална фотосесија, каде бебенцето спие во мала плетена кошничка, а мама и тато се до него.

фото:фејсбук/лора турунџиева наунов

За потсетување, убавата Лора веднаш по матурата реши да заплови  во брачните води со својот избраник Филип Наунов и му кажа „да“, а нешто подоцна открија дека чекаат и бебе.

Останати вести од Радио Милева