Радио Милева
трансформација

Селин Дион тотално непрознатлива, фановите во шок ја прашуваат: „Дали си тоа ти“? (ФОТО)

Селин Дион тотално непрознатлива, фановите во шок ја прашуваат: „Дали си тоа ти“? (ФОТО)

Селин Дион од хотелската соба пред концертот во Токио објави фотографија од пред огледалото и за кратко време истата ги преплави светските медиуми и социјалните мрежи.

Фановите загрижени за пејачката, се прашуваат што се случило со неа? Дали е тоа воопшто нивната омилена Селин?

Да ве потсетиме дека на  Селин Дион животот целосно и се смени по смртта на нејзиниот сопруг и менаџер Рене Анжели, кој почина на 14 јануари 2016, два дена пред 74-ти роденден. Селин по неговата смрт  сакаше да се откаже кариера и  концертите, а во февруари 2018 година за медиумите изјави дека таа направила реплика на раката на  Рене, со цел полесно да се справи со фактот што повеќе го нема.

– Откако умре, сè уште зборувам со него.Се обидувам да му докажам, секој ден, дека сум добро , вели Селин.

Како што рече, зад сцената таа и понатаму ја остава столицата на која Рене седеше за време на секој од нејзините концерти.Таа вели дека нивните три сина, Рене Чарлс и близнаци Нелсон и Еди растат како што треба, и дека како семејство секој ден се посилни.