Радио Милева

„Секси сењорита“: Тамара Тодевска ги собра сите погледи среде улица во Мадрид (фото)

„Секси сењорита“: Тамара Тодевска ги собра сите погледи среде улица во Мадрид (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Ова годинешната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ успеа да ги помести границите на својата музичка кариера.

Имено, со нејзиниот перформанс и изведбата на европската сцена, Тамара доби многу фанови од светот, а некои дури снимаа и кавери за „Proud“.

Иако по нејзиното враќање во Македонија наиде на критики и осудувања бидејќи на прославата на денот на независнота на САД која се одржа во дворот на Американската амбасада, Тамара го испушти делот каде се спомнуваат македонските револуционери.

По оваа како што вели таа ненамерна грешка, Тодевска се извини на јавноста истакнувајќи дека понесена од возбудата ја заборавила таа сторфа од химната.

По таа грешка, таа наиде на осудувања  и негативни коментари при што мораше да ги откаже своите настапи во Македонија, поточно во Охрид и Прилеп.

Иако порано настапуваше секој викенд, по оваа случка Тодевска паузираше од настапите се до неодамна кога повторно се врати на сцената и настапуваше на „Звуци на чаршијата“.

фото: фејсбук

Меѓутоа, Тамара има закажано настапи и надвор од државата поточно во Мадрид, Данска и Германија.

Во Мадрид настапуваше овој викенд, а ако судиме по објавите на социјалните мрежи може да заклучиме дека си поминала одлично.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Имено, салата каде настапуваше Тодевска беше полна, а сите во глас ја пеејаа нејзината „Proud“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Освен тоа Тамара искористи време и да прошета по европска метропола.

На една фотографија, македонската пејачка позира во црна комбинација среде улица во Мадрид, а под објавата доби коментар од нејзината сестра: „Браво жено, девојко“ напиша Тијана.

фото: Принтскрин/инстаграм

Како ќе си помине Тодевска на концертите во Данска и Германија останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева