Радио Милева
златни сништа

Секси сењорита Милица со гордост покажа како ужива на Миконос (ФОТО)

Секси сењорита Милица со гордост покажа како ужива на Миконос (ФОТО)

Српската пејачка Милица Павловиќ по гламурозната прослава на својот роденден, каде направи незаборавна журка за своите најблиски пријатели и соработници, реши малку да „крене рачна“  и да си даде оддишка на душата и телото, па отпатува на егзотична дестинација.

Миконос е едно од оние места на кое најчесто можеме да ги видиме познатите личности од целиот регион, па затоа и секси сењорита го одбра овој грчки остров за својот одмор. А, таму Милица со гордост покажа како ужува на Миконос.

Базени со морска вода и морнарски едноделен костим за капење, во кој пејачката го сместила своето извајано тело, кое жедно ги впиваше сончевите зраци за да го потемни тенот…

Отприлика така Милица го минуваше денот, а ноќта? Ноќта е создадена за забава во лабава, опуштена атмосфера, време како створено  за журка на отворено.

Пред спиење малку да се погледнат музички спотови и „да се купи“  некоја „фора“ од светските ѕвезди.

Утрото со прогноза за денот, а прогнозата иста:

Драги гости уживијте во сончевиот ден и вашите златни сништа!

Останати вести од Радио Милева