Радио Милева
македонско китење

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО)

Секој град во Македонија има своја новогодишна елка: Еве како ја китат елката скопјани, битолчани, прилепчани, охриѓани, струмичани… (ФОТО)

Прва асоцијација за Нова Година се Дедо Мраз и новогодишната елка… На најпознатиот и најпосакуван дедо на светот најмногу ни текнува токму во овој период во година, а елаката…? Неа сите ја китиме отприлика сите исто: со новогодишни украси, лампиони, сијалички, фигури… Иста, ама кај сите, сепак различна.

Ама дека секој град во Македонија има свои специфики во китењето и своја тип на новогодишна елка сигурно не сте знаеле.

Токму чикашкиот камионџија Дарко „Влогс“ Јефремов дојде на идеја да ви ги претстави новогодишните елки по македонските градови. не сите, се разбира, ма затоа најинтересните и најуникатните… Како што секој град, секое подрачје или регион во Македонија има свои специфики, така има и своја елка.

Затоа, погледнете какви елки имаат скопјани, битолчани, прилепчани, велешани, струмичани, крушевчани…

1. Скопската е најнакитена со украси. И најмногу личи на вистинска елка, ама само ако можеш да ја видиш… од маглата и смогот.

2. Скопје има многу општини, свои региони, населби… „држава во држава“ што би рекле, а Драчево е една од  најпрочуените… по кромидот!

3.  Битола е вториот најголем град во Македонија… ама важи и за најградскиот, а и чупињата им се „јака штикла“.

4. Охрид е најпознатиот туристички центар. Рибарине кога не фаштет пастрмчиња, трските ги чуваат за елка!

5. Велес е близу до метрополата, ам уште поблизу до Америка. Откако расчистија со „Франкфурт мафија“, велешани се префрлија на изборна интернет Трампманија, па редно е и елката да им биде „америчка“!

6. Тетово е исто така блиску до престолнината, ама уште поблиску до рафална стрелба. Таму кога се слави, не се штеди на муниција… Ни за сунет, ни за свадба ни за Нова Година!  Затоа и елката им е „пушка“… Море „бомба“!!!

7. Кочани е познат по оризот, а оризот ситно зрнце, не се гледа да го ставиш на елка… Чаре – накитија елката со второто што најмногу го имаат кочанчани после оризот – бугарски пасош!

8. Да не Ресен, Европа јаболка нема да помириса, а камо ли да проба… Затоа и елката на ресенчани им е така богато наредена. Што да ги фрлаат кога нема откуп, вака барем украсни  елки може да извезуваат!

9. Прилепчани со извоз немаат главоболки… Тутунот се’ уште се пуши наголемо… Го „пушиме“ сите, па и фазла има… Тоа што прекарот на прилепчани им е каков што им е,  а на нивното поднебје банани не виреат,  не значи дека треба да им правите мајмунлоци, па елка од увоз не треба да имаат?

10. На прилепчани бизнисот со пушењето полека им го превземаат струмичани… Само не со тутунот… А какво ти е пушењето, такава ти е и елката… Релакс – плантажна! Од кај братот или брачедот…

11. Кој пуши, кој пие… Тоа ти е Македонија. А кај се пие најмногу, ако не таму кајшто најмногу се прават виното и рачијта… Разбира се у  Тиквешијата… Алкохолот сигурно не оди фира, ама за да не се фрла амбалажата како скисната зелка, еве ти од шишиња направена новогодишна елка…

12.Малешевијата нема ни тутун, ни јаболка, ни грозје, ама затоа има нешто што се сади, а не се гледа, оти расте под земја… Компир во вреќа, а вреќа по вреќа и ете ти беровска елка, за новогодишна среќа…

13. И за крај највисокиот град во Македонија… Крушево! Таму ништо не вирее од земјоделски култури… Само Лобито им е јако и богато, ама затоа елката сиромашка… оти е Влашка!

Ах, да… И оваа последнава елка да не ја заборавиме. Неа на нашиот премиер, францускиот претседател му ја подари… И тоа уште пред извесно време… Како „мали знак пажње“ за Преспанскиот договор, да си ја постави во двор: „ From Paris with Love“…!

Епа, Среќна Нова, народе!

 

 

Останати вести од Радио Милева