Радио Милева

Секоја би посакала ваква свекрва: Лепа Брена уловена како и носи ручек на снаата Пријовиќ

Секоја би посакала ваква свекрва: Лепа Брена уловена како и носи ручек на снаата Пријовиќ
фото: инстаграм

Лепа Брена деновите во изолација ги поминува во својата куќа на Бежаниска коса во друштво сопругот Боба Живојиновиќ и синовите Виктор и Стефан.

Нејзината снаа Александра Пријовиќ и сопругот Филип Живојиновиќ исто така деновите во карантин ги поминуваат во вилата која ја купија пред бракот.

Но, изгледа на Брена и досадило цело време да биде дома, па пејачката знае да ги посети Филип и Александра и да им помогне во што треба.

Така неодамна екипата на свет.рс ја следиле Брена која носила ручек на снаата која седи во нејзина близина.

фото: рајко ристиќ/свет.рс

Исто така, соседите ја видела Брена како навечер во дозволено време ги шета своите три кучиња.

Инаку, Живојиновиќ во овој период не се дружат со никој, освен ако не се јават на Саша Поповиќ да го прашат дали му е потребно нешто.

фото: рајко ристиќ/свет.рс

За потсетување, Брена и Александра неодамна заедно од своите домови ја отпејаа песната „Пожелу сречу другима“ и добија многу позитивни коментари од фановите.

Останати вести од Радио Милева