Фудбалското полуфинале меѓу Англија и Хрватска го следеа многу јавни личности и навиваа за својот фаворит.

Хрватската пејачка и актерка, атрактивната Нивес Целзијус на својот Инстаграм профил покажа како се навива за боите на својата земја.

Патем и ги искара сите оние што неверуваа во поголем успех и сметаа дека доволно е и тоа што Хрватите на СП стигнале до полуфинале, па за време на натпреварот со Англија им порача:

„Еве вака, во следниот еден час, на оние кои се задоволни со четвртото место им го покажувам средниот прст. Ние сме светски прваци“ – напиша Нивес на социјалните мрежи.

Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.