Радио Милева
„И нам ни недостасува“

Се вртеа разни шпекулации, но Сара Џесика Паркер откри зошто Саманта нема да ја има во продолжението на „Сексот и градот“

Се вртеа разни шпекулации, но Сара Џесика Паркер откри зошто Саманта нема да ја има во продолжението на „Сексот и градот“
фото:„The Sun“

Откако актерката Сара Џесика Паркер објави дека напролет започнуваат да се снимаат нови 10 епизоди на популарната серија „Сексот и градот“, се појавија и доста шпекулации зошто нема да се појавува актерката Ким Катрал или познатата Саманта.

Многумина велат дека серијата не би била интересна без Саманта, но и тоа дека причината што 62 годишната Ким нема да снима е кавгата со колешката Паркер.

„Драго ми е што се враќате, но ќе ми недостасува Ким, односно Саманта“, напиша еден обожавател.
Сара на тоа одговори: „И на нам ќе ни недостасува. Толку ја сакавме“.

„Секогаш ќе биде тука. И ние сме толку возбудени“, напиша Сара одговарајќи на уште еден коментар.

Кога ја прашаа дали нивната кавга е причината Ким Катрал да не се појави во новата сезона, Сара одговори:

„Не. Не е вистина дека не ја сакам. Никогаш не сум го кажала тоа. Саманта не е дел од оваа приказна. Но таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед на тоа каде сме и што правиме“, одговори Сара.

Новата сезона ќе ја претстави приказната на Кери, Миранда и Шарлот во нивните 50-ти години.

Останати вести од Радио Милева