Радио Милева

Се врати од Миконос и направи роденден како свадба: Анастасија Ражнатовиќ не ги штеди парите на мама Цеца! (Галерија)

Се врати од Миконос и направи роденден како свадба: Анастасија Ражнатовиќ не ги штеди парите на мама Цеца! (Галерија)
фото:инсатграм/анастасијаражнатовиќ

Откако првин уживаше на грчкиот остров Миконос заедно со момчето, а наедно таму го дочека и својот 21-ви роденден, ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, се врати во Белград и направи роденден за паметење.

Имено, Ражнатовиќ резервираа еден белградски ресторан, го украсија како за свадба и поканија стотина гости меѓу кои и многумина познати: Харис Џиновиќ и сопругата Мелина, Жељко и Јована Јоксимовиќ, Саша Матиќ со сопругата, Дејан Милиќевиќ, Милан Калиниќ, Вики Миљковиќ  и многу други.

„Сите што ги сакам се тука, фали само татко ми“, рече во изјава за „Пинк“ Анастасија.

Скапа декорација, бенд во живо, шампањ и што ли уште не…

Микрофонот секако и припадна на славеничката која ги запеа своите песни, а секако невозможно беше да не запее и мама Цеца заедно со својата наследничка.

Еве ја атмосферата во продолжение:

фото:инсатграм/анастасијаражнатовиќ

Останати вести од Радио Милева