Радио Милева
на неговата појава „се умираше“ од смеа...

Се сеќавате ли на „Тика – Шпиц“ и неговата жена од серијата „Семејно богатство“? (ФОТО)

Се сеќавате ли на „Тика – Шпиц“  и неговата жена од  серијата „Семејно богатство“? (ФОТО)

Многу луѓе го засакаа Предраг Смиљковиќ благодарение на серијата „Семејно богатство“, каде го толкуваше Тихомир Стојковиќ, попознат како Тика – Шпиц.

Дури и денес, луѓето на улица го нарекуваат Тика Шпиц, што воопшто не му пречи.

„Тика носи шешир и мустаќи, јас не. Кога ќе го симнам, тешко ме препознаваат. Дури и полицијата не препознава за кого станува збор, така што ниту тие не ми прогледуваат низ прсти. Како да сум им познат однекаде, но тоа не го поврзуваат со „Тик Шпиц“. Мене ми се случува, продавачката кај мене да ме праша во продавница: „Од каде се познаваме?“, И велам дека сум таксист, возач во градскиот сообраќај“ – низ смеа вели Предраг Смиљковиќ.
Сега намерно носам мустаќи, но обично сум без нив. Драго ми е што луѓето ме гледаат во позитивно светло и драго ми е што со ликот на Тика Шпиц се соживеа народот“.

Смиљковиќ сè уште е актер, толкува една од улогите во серијалот „Воена академија“ и редовно игра во театарот во Лесковац, а сега изгледа вака:

Актерката Билјана Николиќ во серијата „Семејно богатство“ го играше ликот на сопругата на Тика – Шпиц. Но, верувале или не,  тие беа и приватно во врска и тоа цели четири години.

„Бев со актерката Билјана Николиќ во сериозна врска четири години. Игравме заедно, таа беше моја сопруга во „Семејно богатство“ – изјави Предраг Смиљковиќ во една прилика.
Серијата  траеше од 1998 до 2002 година, а Жаке беше позната по острото јазиче и нејзината љубов кон леопардовите и тигарестите апликации во парчињата нејзина облеката. Денес таа изгледа вака:

 

Останати вести од Радио Милева