Радио Милева
и тој доби шут карта од продукцијата

Се сеќавате ли? И Адам Лабунски го дисквалификуваа од „Ѕвездите на Гранд“ – еев како изгледа денес и што прави (фото)

Се сеќавате ли? И Адам Лабунски го дисквалификуваа од „Ѕвездите на Гранд“ – еев како изгледа денес и што прави (фото)
фото: инстаграм/адам лабунски

Овие денови често се пишува за скандалот кој се случи во „Ѕвездите на Гранд“ односно дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ.

Имено, Вања кој беше под менторство на Марија Шерифовиќ е исфрлана од натпреварувањето бидејќи по емисијата во која таа настапува на социјалните мрежи поддржала објави со навреди за Јелена Карелуша.

Како што истакна Поповиќ, тие размислувале да ја вратат, но Вања на својот „Инстаграм“ сподели дека е среќна што заврши со овој вид на натпреварување и ги навредува „ЅГ“, по што продукцијата донесе одлука сепак да не ја врати.

Саша Поповиќ проговори за дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ: „Нејзиниот татко ми се јави и ме молеше да ја вратиме“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Ова не е прво дисквалификување во музичкото шоу. Пред неколку години беа исфрлени Немања Стевановиќ и Милена Чераник поради нивното однесување во реално шоу.

Исто така во 2019 година, од „Ѕвезде Гранда“ беше исфрлен и македонскиот кандидати Адам Лабунски.

Тој откако се појави на сцената во Гранд често добиваше пофали дека е поразличен и дека го поправа пеењето, а Карлеуша му велеше дека ќе биде ѕвезда.

Сепак, Адам го исфрлија од натпреварувањето. Причина за тоа било несогласувањето поради хотелската соба каде бил сместен и не сакал истата да ја дели и со таткото на неговиот противкандидат Данијел Васиќ.

Марија Шерифовиќ проговори за дисквалификувањето на Адам Лабунски од „Ѕвездите на Гранд“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Откако Адам престана да биде дел од музичкото шоу, тој досега се нема пријавено во ново музичко натпреварување.

Она што е ново на љубовен план кај Лабунски е тоа што претходната година на Босфорот ја запроси својата девојка  Џејалана Дачиќ.

Запросување на Босфорот: Адам Лабунски ја побара раката на својата сакана (видео) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Лабунски работи и на својот физички изглед и ја одржува својата кондиција, но и топ форма. Така, на неговиот „Инстаграм“ може да се видат фотографии на кои е во теретана и работи на кондицијата.

фото: Инстаграм/адам лабунски

Во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачот го покажа и крајниот резултат од напорното вежбање и затегнатите мускули на кои може многумина да му позавидат.

фото: Инстаграм/адам лабунски

Тој пред некое време исто така ја издаде и својата нова песна „Поричем лажем“.

Инаку, Адам пред да учествува во „Ѕвездите на Гранд“, беше дел од музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Останати вести од Радио Милева