Радио Милева
фотошоп (не)пријател

Се потпре да се фотографира во бикини па… Лепа Брена ги искриви гелендерите на јахтата! (ФОТО)

Се потпре да се фотографира во бикини па… Лепа Брена ги искриви гелендерите на јахтата! (ФОТО)

И покрај корона опандемијата и неможноста да се замине на море на посакуваните дестинации,  летово сепак се изнагледавме фотографии од познатите пејачки во бикини, па редот дојде и на  Лепа Брена. И да бидеме искрени за нејзини години, таа се „држи“ одлично.

Но, по се’ изгледа за таквиот изглед најзаслужен бил нејзиниот верен пријател во последно време, неговото величество – Фотошопот.

Тоа најдобро може да се види и по последната фотографија која ја објави познатата пејачка на својот профил на Инстаграм, каде позира во едноделен бел костим за капење на јахта.

И нормално, Брена на фотката изгледа фантастично, но ако малку повеќе ја анализирате ќе забележите дека тука и тоа како „заиграл“ фотошопот.

Погледнете ја балканската фолк кралица, ама погледнете и малку подобро околу неа… И ќе забележите дека Лепа Брена „ги искриви“ гелендерите на јахтата, на кои се потпира!

Фотошопот е добар, ама треба да знаеш како со него!

Останати вести од Радио Милева