Радио Милева
прво па машко...

Се породи Сања Николиќ: Слаткар стана татко, синот веќе доби необично име – Моша! (ФОТО)

Се породи Сања Николиќ: Слаткар стана татко, синот веќе доби необично име – Моша! (ФОТО)

Сања Николиќ и нејзиниот сопруг Марко Маринковиќ – Слаткаристика вчера, 15. април 2020 година го добија своето прво чедо. Прво – па машко… син! Како што соопшти раперот на својот „Фејсбук“ профил, нивото прво дете  доби и мошне необично име – Моша.

„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“ напиша Слаткар на неговиот Фејсбук профил во описот на фотографија од нивната свадба, каде ја бакнува небвестата Сања во чело.

 

Слаткар неодамна откри дека не планира да  прави мекици по повод раѓањето на своето дете, затоа што смета дека тоа се попусто фрлени пари.

Сања Николиќ пак, беше позната манекенка, мисица и модел. Се појавуваше и во неколку видеоспотови на познати македонски пејачи, но сепак најголемата слава ја доживеа како ТВ водителка на музичкото талент шоу – бугарскиот „Идол“ во кој покрај бугарските, учество земаа и македонски таленти, од кои некои подоцна станаа познати пејачи како Александар Тарабунов – Тара, Дарко Илиевски, Бојан Стојков…

Пред да му биде девојка, подоцна и сопруга на Марко Маринковиќ-Слаткаристика, а сега и мајка на нивното прво дете, Сања исто така имаше врски со неколку познати пејачи и музичари во Македонија, меѓу кои и пејачот Адријан Гаџа и тапанарот на „Браво бенд“, Дејан Младеновски.

 

 

Останати вести од Радио Милева