Радио Милева

Се појавил доказ за бременоста на Лејди Гага? Ова фотографија направи хаос на социјалните мрежи

Се појавил доказ за бременоста на Лејди Гага? Ова фотографија направи хаос на социјалните мрежи
фото: Профимедиа

Вестите за Лејди Гага и Бредли Купер не престануваат.

По доделувањето на „Оскарите“, во медиумите се појавија вести дека наводно меѓу Гага и Купер има нешто повеќе од пријателство.

Гага ја раскина свршувачката, а Бредли исто така раскина со Ирина Шајк.

Пред некој ден во медиумите се појавија вести дека наводно Гага е бремена од Бредли.

По гласините за нивната врска на  насловната страница „In touch“ се појави фотографија со која се зголемија гласините дека Лејди Гага е бремена.

фото: Профимедиа

На оваа фотографија, Бредли и Гага позираат прегрнати, а внимание привлече положбата на нивните раце.

Бредли ја ставил раката на стомакот на Гага, а пејачката нејзината рака ја ставила врз раката на Купер.

Таблоидот објави наслов дека парот очекува бебе и не планира свадба.

фото: Профимедиа

Гага и Бредли не се огласија за овие пишувања. Уредниците на магазинот дури објавија фотографија  на која се гледа стомаче на Гага, а се сите тврдат дека е бремена.