Радио Милева

Се ожени Стеван Анѓелковиќ: Еве која македонска пејачка беше на свадбата (фото)

Се ожени Стеван Анѓелковиќ: Еве која македонска пејачка беше на свадбата (фото)

Свадбените церемонии се во полн ек, а некои од  јавни личности на почетокот на годината запливаа во брачните води, а некои се закажни за следниот период.

Вчера, некогашната „Ѕвезда на Гранд“ и младиот пејач, Стеван Анѓелковиќ се ожени со неговата повеќе годишна девојка Наташа. Стеван и Наташа живеа заедно подолго време, а вчера го кажаа судбоносното „да“.

Свадбата се одржа во црквата СВ. Димитриј во Белград, а на неа присувстуваа  јавни личности меѓу кои и македонската поп дива Калиопи.

Во кратките приказни на „Инстаграм“, Калиопи објави фотографии од младожениците. Невестата беше облечена во бел фустан со широк долен ден, а младоженецот во елегантно одело.

За оваа прилика, Калиопи се одлучи за црн фустан и црни високи потпетици, а токму Опи е препознатлива и по црните модни комбинации. Нејзините фанови и следебемици и дадоа само позитивни коментари.

 

фото: Принтскрин/инстаграм