Радио Милева
го изменаџира и животот?

Се ожени музичкиот менаџер Кристијан Стефановски: Кико реши да стапне на лудиот камен, па девојката ја побара за жена (ФОТО)

Се ожени музичкиот менаџер Кристијан Стефановски: Кико реши да стапне на лудиот камен, па девојката ја побара за жена (ФОТО)

Македонскиот музички менаџер Кристијан Стефановски – Кико ( План Б, Прагма, Балканмедиа…) реши да стапне на лудиот камен. Познат по организирање на концерти на големите регионални поп и фолк  ѕвезди (Жељко Јоксимовиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Владо Георгиев, Саша Ковачевиќ, Жељко Самарџиќ…), но и по контроверзите и скандалите кои постојано го следат:  судските процеси со познати македонски музички групи, пејачи и новинари, контакти и релации со македонското подземје, палењето на неговиот луксузниот автомобил утрото веднаш по последниот од двата концерти на Здравко Чолиќ во ноември 2018…

Стефановски пред да влезе во менаџерските води со големите ѕвезди на јавноста и стана познат како момче на македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска.

Добро упатените тврдеа, а чаршијата наголемо зборуваше дека тој во неа бил „вљубен до уши“, а по нејзиното раскинување на нивната врска, со месеци не можел да дојде на себе, зошто љубовта со лото девојката наводно го чинела многу емоции, живци и пари.

Неколку години подоцна ја започнува љубовната романса со сегашната свршеница, Ана Стојковска, инаку сестра на попознатата Ива Стојковска, некогашна македонска ракометарка ( Еуростандард Ѓорче Петров,  Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Приштина) која дури го облече и репрезентативниот дрес.

Но набргу потоа  се откажа од активното играње, останувајќи во ракометот како спортски директор на женската екипа на ЦЕМС.

Избраничката на Стефановски е економист по професија, а тој шетајќи со неа по разни егзотични светски туристички дестинации, одлучил деновиве да ја побара за жена, за време на зимскиот одмор, кој тој и неговата драга го минуваат во францускиот зимски ски ресорт Вал Торенс.

Ана веднаш се пофали со фотографија од свршеничкиот прстен на социјалните мрежи и пост: „Засекогаш и вечно“, а првите честитки стигнаа токму од сестра и Ива.

Инаку, идната невеста обожува на социјалните мрежи да постира фотографии со познатите ѕвезди кои нејзиниот иден сопруг ги носи на концерти во Македонија, па така младата свршеница има завидна фото колекција со познати лица.

Се разбира, меѓу сите ѕвезди, не изостанува и отвореното покажување на емоции кон партијата на власт, особено кон нејзиниот претседател, Зоран Заев.

Како и да е, Кико ја најде жената на својот живот, веруваме за „Forever & always“… Па, нека е со среќа!