Радио Милева

Се омажи Ники Минаж

Се омажи Ники Минаж
фото: инстаграм

Американската пејачка Ники Минаж со последната објава на социјалните мрежи потврди дека се омажила за контраверзното момче и продуцентот Кенет Пети.

Ники уште во текот на летото го смени своето презиме на Инстаграм, а тогаш започнаа шпекулации дека наводно тајно се венчале, а сега тоа го потврди со видео на кое го пишува датумот на нивната свадба и дека сега нејзиното цело име и презиме е Оника Тања Марај Пети.

 

View this post on Instagram

 

👰🏽🤵🏽😢🙏🏽🎀 Onika Tanya Maraj-Petty 10•21•19

A post shared by Barbie (@nickiminaj) on

Минаж веќе долго време на социјалните мрежи објавува колку е среќна со Пети, а нивната врска речиси никој не ја подржува поради бурното минато на нејзиното момче.

фото: Инстаграм

Неговото криминално досие вклучува затворски казни поради обид за силување на  16 годишно девојче, а Пети е на слобода од 2013 година.

Минаж недоамна во едно интервју откри сака да се повлече од музиката  и да се посвети на семејство иодгледување на деца.

Останати вести од Радио Милева