Радио Милева

Сẻ околу неа е луксуз, а ова е највредната соба во домот на Драгана Мирковиќ (фото)

Сẻ околу неа е луксуз, а ова е највредната соба во домот на Драгана Мирковиќ (фото)
фото: ата имагес

Драгана Мирковиќ времето во изолација го поминува во својот луксузен дом во Виена.

Пејачката како и повеќето нејзини колеги ги откажа сите настапи, а во деновите во самоизолација се потсетува на некои подобри времиња.

Таа често е активна на социјалните мрежи, па знае да сподели фотографии од своите почетооци, објави со своите колеги, но и да запее за да ги израдува своите фанови.

Меѓутоа овој пат пејачката на својот „Инстаграм“ сподели простор од домот кој досега го нема покажано.

Станува збор за нејзината трофејна соба, односно соба каде што ги чува сите награди од својата досегашна кариера.

„Мојата трофејна соба и некои драги награди. Сакав ова да го споделам со вас и да ви се заблагодарам што благодарение на вас сум најнаградувана пејачка. Ви благодарам, ве сакам“ напиша Мирковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) on

Останати вести од Радио Милева