Радио Милева
му дојде преку глава...

Се огласи Стојан Троицки – легендарниот долгогодишен директор и основач на „Макфест“: „Не бев ни протоколарно повикан на „Макфест 2019“, а камо ли да помогнам“

Се огласи Стојан Троицки – легендарниот долгогодишен директор и основач на „Макфест“: „Не бев ни протоколарно повикан на „Макфест 2019“, а камо ли да помогнам“

По дузината реакции околу квалитетот на композициите и сите гласини и искажани  незадоволства за наводни неправилности и местења на годинешниов „Макфест 2019“ што почнаа да се шират во јавноста, а завршија на социјалните мрежи и во медиумите, се огласи и еден од основачите и долгогодишен директор на штипскиот фестивал, легендарниот Стојан Троицки.

Неговото име најпрвин го спомнаа и повикаа дел од некогашните учесници и музички новинари со своите написи од типот: „Да му помогнеме на Макфест“ или „Троицки, врати се…“, алудирајќи дека во негово време „Макфест“ бил со години фестивал за респект и достоен за почит со сите свои предности  и маани, ситни и крупни аномалии, за разлика од сега, кога квалитетот на песните е далеку од тоа што бил некогаш, а поединци се колнат дека наводно годинава со свои очи гледале како се местат наградите.

Поттикнат од овие изјави и написи се јави лично тој – Стојан Троицки, јавно огласувајќи се преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.

Бившиот долгогодишен директор на фестивалот и се обрати на јавноста со свои сеќавања и примери, за тоа како некогаш се справувале со неправилностите на другите реномирани фестивали, каде и како завршувале „местачите“, што слушнал и прочитал за сегашниов „Макфест“ и каков е односот на локалната самоуправа која го финансира и организира фестивалот, кон легендарниот директор и негов основач.

Еве што напиша Стојан Троицки во своето јавно обраќање на Фејсбук:

„Вчера, некаде околу 21.30 часот на Канал 5 телевизија, во емисијата Бекстјџ беа изречени многу остри критики и обвинувања на адреса на штотуку завршениот Макфест. Двајца млади луѓе директно во камера пренесоа нивни импресии за лошата организација и фрлија сомнеж за некакви можеби коруптивни активности.
Како штипјанец и долгогодишен креатор на овој фестивал не можам да останам рамнодушен, па одлучив да споделам неколку информации.
Во далечната 1989 година бев на Фестивалот  ‘Ваш шлагер сезоне’ во Сараево. Овде присуствуваа скоро сите директори на тогашните најдобри југословенски фестивали. Бевме гости на Никша Дабовиќ, директор на фестивалот. Победи Сенад из Босне. Но, утредена кога се спремавме да отпатуваме, разбравме дека истиот е уапсен, односно притвроен заради местење-лажирање на Фестивалот. Толку.

Вчерашното сведочење на младите учесници ме потсети на таа епизода од Сараево. И овде толку.
Не занам кој го контролира штипскиот фестивал и дали некој се грижи за него или тој служи за саморекламирање на нашите локалци. А некогаш Макфест беше меѓунаронда манифестација. Прочитав многу лоши информации за состојбите со него иако веќе со години, лека полека се разградува сето она што го сработивме со голем број соработници.
И замислете парадокс. Јас се’ уште сум жив и здрав, тука на дофат на локалната самоуправа, а не ни сум протоколарно поканет на Фестивалот ,а камо ли да бидам повикан за да помогнам и да се сопре или спречи понатамошното негово руинирање. Толку. Приказната е многу голема и можеби некогаш некој ќе се позанимава со неговата историја“ – напиша во своето кусо обраќање Троицки.

 

Останати вести од Радио Милева