Радио Милева

„Се надевам дека нема да се налути“: Емотивна исповед на Милица Давовиќ за Александра Пријовиќ (фото)

„Се надевам дека нема да се налути“: Емотивна исповед на Милица Давовиќ за Александра Пријовиќ (фото)
фото:александра дабовиќ/фејсбук/принтскрин

Поранешната кошаркарка на српската репрезентација, Милица Дабовиќ почна да продава облека, чевли и многу други парчиња облека затоа што во моментот не прима плата, а бидејќи е самохрана мајка, очајно и требаат пари.

Таа открива дека и помогнала пејачката Александра Живојиновиќ – Пријовиќ која купила најмногу од работите и со тоа и помогнала во текот на кризата.

– Се надевам дека нема да се налути, но сега и солзите ми надоаѓаат… Тоа е Александра Пријовиќ. Неизмерно сум и благодарна. Таа дури и не разбира што направи за мене и за мојот син – заклучи Милица Дабовиќ за „Блиц.рс“.

Милица објави заедничка фотографија со Александра на Инстаграм со следниот коментар:

– Секој има своја добра вила, така и јас – напиша Милица, а Александра одговори со тоа што постави емотикон од срце.

фото:принтскрин/инсатграм/милица дабовиќ

Останати вести од Радио Милева