Радио Милева

Се кријат од јавноста: Сите детали за смирувањето на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ

Се кријат од јавноста: Сите детали за смирувањето на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ

Српските медиуми пишуваат дека Аца Лукас и Соња Вуксановиќ ја обновиле љубовта пред официјално да се разведат.

Без оглед на тоа што си упатија навредливи зборови и таа го пријави за семејно насилство, за кое Лукас тврдеше дека немало, парот се смири.

Како што пишува „Сцена“ тие се уште кријат од своите пријатели дека ја обновиле љубовта.

Извор близок на парот откри како се смириле:

„Тие се смирија уште летото, но тој не размислуваше дека можат да ја обноват љубовта. Меѓутоа, неодамна Аца сакаше да ја води својата ќерка на одмор во Турција. За тоа му требаше потпис од Соња бидејќи додека не се разведат ќерката е кај неа. Затоа, Лукас разговараше со Соња и таа му кажа дека ќе му дозволи, а нивниот адвокат ги достави потребните документи со градот и хотелот каде ќе се сместени“, вели изворот и додава:

фото: душан миленковиќ/рас србија

„На документите имаше резервација за луксузен хотел каде што одмор од 7дена чини 15 000 евра. На Соња и се допадна тој комплекс и веднаш му се јави  на Лукас да побара и таа да оди со нив. Тој прифати и доплати за Соња“, вели изворот.

Со оглед на тоа што претходно се смирија и немаше кавги, на одморот во Турција, младиот пар ја обновил љубовта.

„Одлучија да не се карат за да не го нарушат мирот на Викторија. Меѓутоа, времето и морето придонесоа да ги „подгрејат“ страстите. Аца имаше резевирано огроман апартман со све спални соби, така што немаше потреба за Соња да резервира друга соба туку таа цело време беше со него. Заедно поминуваа седум прекрасни дена“, вели изворот.

Аца и Соња не се пофалиле на своите пријатели дека ја обновиле љубовта бидејќи ги советувале дека не се еден за друг.