Радио Милева

„Се гледаме догодина“: Тамара Тодевска се повлекува од музичката сцена (фото)

„Се гледаме догодина“: Тамара Тодевска се повлекува од музичката сцена (фото)

Тамара Тодевска периодов има голем повод за среќа, односно пејачката и нејзиниот сопруг во декември ќе станат родители на нивното второ дете.

Летниот период, Тодевска беше активна трудница, па покрај одморите со најблиските, таа често настапуваше, а и ја издаде и својата нова песна „Довидување таго“.

Исто така гостуваше во неколку емисии промовирајќи ја песната.

По сите работни и музички ангажмани, Тодевска со оправдани причини се повлекува од музичката сцена.

Викендов, заедно со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ го одржа последниот настап пред да оди на породилно отсуство.

„Со Тијана Дапчевиќ имавме прекрасна вечер во Кочани. Ви благодарам на сите. Кончено од денес можам да кажам дека сум на трудничко боледување. Се гледаме догодина, здравје“, напиша Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“.

Инаку, Тодевска откри дека нејзиното синче ќе се вика Дарен.