Радио Милева

„Се чувствував како г*мно“: Дарко Лазиќ со шокантана изјава за разводот од Ана Севиќ!

„Се чувствував како г*мно“: Дарко Лазиќ со шокантана изјава за разводот од Ана Севиќ!
фото:дарко савиќ/инстаграм

По разводот од Ана Севиќ, пејачот Дарко Лазиќ досега не кажа ништо лошо за својата прва сопруга, со која ја има ќерката Лорена.

– Малку повеќе ми пречи да зборувам за Ана. Сите постојано ме прашуваат за неа. Ние сме во добри односи, понекогаш таа е дома кога доаѓам по Лорена, понекогаш не е – рече Лазиќ за српските медиуми.

– Жената го живее својот живот, што е нормално. Излегува дека јас секогаш ја фалам, а таа се „кулира“кога некој од медиумите ме споменува – налутено рече пејачот и продолжи:

фото:ана севиќ/инстаграм

– Не велам, беше тука кога требаше, таа ја донесе Лорена на концерт, користеше простор во медиумите, но она што сега го прави и како живее, не ми е гајле. Никогаш не бев првиот што ја изневерив и се чувствував како г*мно кога ме изневеруваше. Повторно, испаднав најлош – додаде Дарко и заклучи:

– Сега е приказната завршена. Имам жена покрај себе што ја сакам повеќе од животот. Секако, така е и Лорена и Алексеј. Поради нив, животот го започнав од нула, завршува пејачот.

Останати вести од Радио Милева