Радио Милева

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото)

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, а овој пат направи исклучок: Познатиот актер на прошетка со ќерката (фото)
фото: фејсбук

Актерот Сашко Коцев во октомври 2018 година стана татко, тој и неговата сопруга Смиљана станаа родители на нивната ќерка Јоана.

Тој во едно интервју истакна дека татковството му го променило животот, па порано кога некој го будел можел да го гризне, но сега го памети првото будење со Јоана.

фото: фејсбук

„Ми се појави еден нов свет, едни сосема нови и непознати чувства што ме влечат накај дома. Дури и кога имам време за одмор, не ми даваат, туку ме тераат да станам да ја гледам додека таа спие“, изјави Коцев во интервју за деца.мк

Сашко и покрај сите ангажмани и обврски, наоѓа слободно време кое го поминува со најмилите.

фото: фејсбук

Така деновиве тој излезе на прошетка со ќеркичката.

Иако на социјалните мрежи ретко споделува приватни моменти, овој пат на својот „Фејсбук“ објави фотографија од него и Јоана во прошетка.

„ Во пресрет на пролетта “ напиша актерот во описот на објавата.

фото: фејсбук/сашкокоцев

Под неа веднаш се нижеа позитивни коментари за таткото и ќерката.

Инаку, Сашко имаме прилика да го гледаме во претстави во МНТ, е ангажиран за снимања, реклами….

Останати вести од Радио Милева