Радио Милева

Саша Видиќ без влакна на јазикот удри по учесниците на првата полуфинална вечер на Евровизија

Саша Видиќ без влакна на јазикот удри по учесниците на првата полуфинална вечер на Евровизија
фото: Дамир Дервишагиќ/Драгана Удовиќевиќ/АП/Профимедиа/Принтскрин

Модниот креатор Саша Видиќ кој без влакна на јазикот ги коментира јавните личности, овој пат ги прокоментира  претставниците на Евровизија.

Тој претставниците на првата полуфинална вечер ги спореди со Бин Ладен, со молдавски проститутки, трет ред од Гранд и бледа копија на Марија Шерифовиќ.

„Сцената е многу сиромашна. Водителките изгледа премногу сиромашно. Страшно беше салото во шорцот. Тоа е нешто најстрашно што го видов на светот. Таа праќа лоша порака, посебно за децата кои гледаат и си велат: „види како таа е дебела, можам и јас да бидам дебела.“  ја прокоментира Саша претходната победничка на Евровизија и го кажа своето мислење за српската претставничка Невена Божовиќ.

фото профимедиа

„Невена изгледаше топ. Јас појма немам што пее, но сношти бев горд. Таа е згодна, таа не знае за невкус“ вели модниот дизајнер.

За грчката претставничка вели дека е лажна Дуа Липа, а за преставникот на Португалија истакна дека изгледа како гост од некоја непостоечка земја.

За претставниците на Црна Гора истакна дека се копија на Марија Шерифовиќ.

„Тие беа бела опција на Марија Шерифовиќ. Тоа се деца, не се криви. Оној кој го правел имиџиот, требало да украде од некој друг, а не од Марија“ истакна Видиќ.

Во продолжение погледнете ги неговите модни критики за претставниците на првата полуфинална вечер.