Радио Милева

Саша Поповиќ со наредба до Ѓорѓе Давид: „Нема боледување, на снимањата ќе дојдеш со гипс“

Саша Поповиќ со наредба до Ѓорѓе Давид: „Нема боледување, на снимањата ќе дојдеш со гипс“
фото: Рајко Ристиќ/свет/ата имагес

Поради пандемијата и вонредната состојба во Србија беа откажани снимањата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓутоа, како што соопштија од Гранд, од крајот на мај ќе продолжат со снимања, но сезоната нема да заврши оваа година во јуни, туку ќе продолжи во септември.

Еден од членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид беше заболен од корона, но успеа да ја победи и да оздрави.

Сепак, по оздравувањето пејачот повторно има здравствени проблеми односно ја скрши ногата.

фото: Рајко Ристиќ/свет/ата имагес

Наводно, директор на „Гранд“ му наредил на Ѓорѓе на снимањата да дојде со ногата во гипс.

„Саша планира да воведе некои нови правила. Тој се труди секоја сезона да биде различна. Жирито останува исто, но Ѓорѓе Давид има проблем. Тој се излечи од корона, но ја скрши ногата и таа му е во гипс. Пејачот не знае како ќе дојде на снимања и како ќе седи со часови.  На Сале му е жал, но му кажа да не помислува на боледување. На снимањата нека дојде со гипс. А во студиото ќе му наместиме да му биде удобно. Ни натпреварувачите, ни публика не смеат да трпат“ вели за „Свет“ добро известен извор.

Инаку, прво ќе снимаат кандидати од Србија, а потоа кандидатите од другите држави.

Останати вести од Радио Милева