Радио Милева

Саша Поповиќ проговори за финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и дали Шерифовиќ организирала да се гласа за Џејла

Саша Поповиќ проговори за финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и дали Шерифовиќ организирала да се гласа за Џејла

Неодамна заврши дванаесетата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а победата ја однесе Џејла Рамовиќ.

Директорот на „Гранд“ сега за првпат ги откри впечатоците по завршувањето на шоуто.

„Јас сум презадоволен, тоа се гледа од почетокот, кога ги вклучивме и менторите и тоа навистина даде добри резултати. Добивме многу квалитетни пејачи кои се натпреваруваа и во претходните сезони, но кои не пееја многу добро се додека менторите не им помогнаа со пеењето“ вели Поповиќ.

 

View this post on Instagram

 

Svečani doček @dzejlaramovic u Goraždu biće u nedelju 23. juna u 19h.

A post shared by Zvezde Granda 𝓯𝓪𝓷𝓹𝓪𝓰𝓮 (@zvezde_granda_2019) on

На прашањето дали се очекувало да победи Џејла, тој вели:

„Џејла важеше за фаворит и тоа се виде и на социјалните мрежи, и по прегледи на „Јутуб“, по сите параметри беше фаворит и навистина доби 101 илјада гласови. Претходната година имаше 126 или 128 000 пораки, а оваа година само Џејла доби 101 000 гласови. Не гласаше само Босна само за неа, туку и Македонија и Србија.

На прашањето дали Шерифовиќ го органзирала жирито да гласа за неа, Саша одговори:

„Не, не. Навистина не. Прво, на ниту еден член на жирито не кажав кој ќе гласа, друго тие не се јавуваа на пејачите да прашат: „еј ти се јави ли Сале да гласаш? Не, не. Тоа што Џејла доби толку 12ки е избор на жирито“ вели Поповиќ.

За потсетување, следната сезона започнува во септевмри кога ќе биде исто жирито, а во секоја емисија ќе има еден гост ментор кој ќе седи до Поповиќ и ќе може да го бира кандидат.