Радио Милева
нема да гласа само жирито...

Саша Поповиќ по корона пандемијата најавува нови правила во „Ѕвездите на Гранд“

Саша Поповиќ по корона пандемијата најавува нови правила во „Ѕвездите на Гранд“

Саша Поповиќ по корона пандемијата најавува нови правила во „Ѕвездите на Гранд“. Ова прв го најави рокерот Ѓорѓе Давид, кој е дел од жирито на ова регионално музичко талент шоу натпреварување. малерозниот Ѓорѓе прво се зарази со Ковид 19, па откако едвај го прележа, веднаш потоа ја скрши ногата која сега му е имобилизирана во гипс лонгета.

 

„Тој му рече на Поповиќ дека  не размислува да оди на боледување, дека ќе доаѓа на снимање редовно, дека ќе бара да му постават столче за неговата нога, за да може да ја крене и да му биде удобно“ – вели извор за српски „Свет“, а потоа открива која друга новина Поповиќ планира да ја воведе во концептот.

„Сале уште минатата година размислуваше дали и публиката да гласа и тоа со притискање копче по секоја изведба, затоа што ги следат сите кандидати и одат на нивните настапи, така што не е исклучено да ја вовед оваа новина токму сега“.


Инаку Ѓорѓе Давид кој беше еден од ретките јавни личности кои отворено зборуваа за својата инфекција со коронавирусот, откри дека и другите членови од српскиот шоубизнис се лекувале во болницата со него, но дека тој решил да ја почитува нивната одлука да молчат.

Останати вести од Радио Милева