Радио Милева
средба на насмевки

Саша Ковачевиќ на хуманитарен концерт во Прилеп, Кристина Димитриевска на „хуманитарна“ средба со него (ФОТО)

Саша Ковачевиќ на хуманитарен концерт во Прилеп, Кристина Димитриевска на „хуманитарна“ средба со него (ФОТО)

Бившата на Даниел Кајмакоски е дефинитивно решена да стане ѕвезда, по секоја цена. Пејачка, манекенка, модел, мисица… па каде ќе запали, ќе запали!

До душа, по разделбата со пејачот, таа навистина од петни жили  се труди и вредно работи на себе и својот изглед. И тука нема што да и се забележи. Прво стана русокоса, па сега и синоока, а фигурата ја довела во состојба на предсовршенство…

Телесните атрибути и однапред и одзади не и недостасуваат, па откако го пушти сексапилот на најако, атрактивната Кристина Димитриевска тргна да создава сопствена популарност.

И за да избега од префиксот: „бившата на Даниел“, единственото нешто што и преостанува во билдањето на медиумски рејтинг и градење сопствен идентитет е некој „да ја поттурне“… на патот кон славата.

А кој подобро би можел, ако не некој кој е и самиот во друштво на оние од врвот, како пејачот Саша Ковачевиќ на пример.

Викендов регионалната ѕвезда беше во Прилеп, за да  одржи хуманитарен концерт од кој сите собрани средства вклучувајќи го и неговиот хонорар беа наменети за подобрување на здравјето на две дечиња од Македонија.

Истиов  викенд, во 9-тата епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград победи  Даниел Кајмакоски, а наградата од 1.000 евра оди висто така во хуманитарни цели и тој ќе ја додели на една девојка која боледува од церебрална парализа и епилепсија.

Она што ги поврзува двајцата естрадни хуманитарци – Кајмакоски и Ковачевиќ, покрај професијата, естрадата и нивниот чин на хумана добрина е токму Кристина Димитриевски. Бившата сопруга на првиот, верна пријателка на вториот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina💧 (@kristina.dimitry) on

Имено, русокосата убавица веројатно (не)случајно се најде токму во Прилеп, па својата дружба со српската ѕвезда ја овековечи на социјалните мрежи со фотографија. Пред бензинската пумпа под хотелот во која беше сместен Саша Ковачевиќ со неговата екипа во Прилеп! За карактерот на средбата не може да се зборува, освен ако не судите според насмевките од „уши до уши“ кај обајцата!

А и ова не е прва средба на мисицата со пејачот, зашто му доаѓа некако, како реприза на скопската, кога неодамна пејачот настапуваше во еден локал во близината на македонската престолнина.

И тогаш Кристина и тој се најдоа на исто место… во слична поза! Со блажена насмевка „од катник до катник“!

 

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева