Радио Милева

Сара Мејс како „плус-сајз“ модел со задникот во прв план: „Не се срамам од мојата тежина и изглед“ (фото)

Сара Мејс како „плус-сајз“ модел со задникот во прв план: „Не се срамам од мојата тежина и изглед“ (фото)
фото:инсатграм/сарамејс

Пејачката Сара Мејс пред нешто повеќе од седум месеци за првпат се реализираше во улогата на мајка и со својот сакан Димитар станаа горди родители на својата наследничка – ќеркичката Илина.

По породувањето Сара за брзо време им се врати на професионалните обврски, но секако најмногу е посветена на својата малечка. На социјалните мрежи мама Сара не ретко споделува моменти со своето најголемо богатство и за разлика од повеќето познати, таа не е резервирана кога станува збор за покажување на своето бебенце.

фото:инсатграм/сарамејс

Инаку, како и повеќето жени, така и Сара периодов се справува со постпартум периодот, кога се труди да го врати телото во претходната форма, а очигледно одлично и оди. Таа деновиве објави фотографија каде позира во бел комбинезон од тантела од кој нејзиниот задник е во прв план.

Свесна дека облините периодов се нејзиниот најсилен атрибут, таа гордо ги истакнува и одлично се носи со килограмите.

 

View this post on Instagram

 

Spring is here🌸 Wearing @fran.mk Plus- Size fashion model 😁😬😂❤️ Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам #мњам 😁 Благодарение на @dermabellamk и начинот на кој го третираат моето тело (веќе после два месеци) не се срамам од мојата постпартум тежина и изглед. 🙋‍♀️ #cheerstothat 🥂 #hairstylist @darko___petkovski @_hair_house_ #mua @frozi_fran #plussize #plussizefashion #6monthpostpartum #whiteflowers #springlove #springclothes #photocredit 📸@vertigo.creative.photography 🌷

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

„Плус-сајз модел! Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам. Благодарение на „Дерма бела“ и начинот на кој го третираат моето тело (веќе последните два месци) не се срамам од мојата постпартум тежина и изглед – пишува Сара Мејс.

Бидејќи во тренд се облините, а за ваков изглед вградуваат дури и силикони, Сара во овој постпартум период едноставно „грми“.