Радио Милева

Сања Маринковиќ дефинитивно се разведува: „Отсекогаш верував дека разделбата е лек“

Сања Маринковиќ дефинитивно се разведува: „Отсекогаш верував дека разделбата е лек“
фото: инстаграм/сањамаринковиќ

Со месеци се шпекулира дали водителката на „Пинк“, Сања Маринковиќ се разведува од Александар Ухрин, а како што пренесува „Блиц“  парот поднел барање за развод и повеќе не живеат заедно.

Како што пренесува овој портал тие одлучиле да се разведат по 10 години брак. Меѓутоа, тоа не ги спречува да останат во добри односи.

фото: горан срданов/рас србија

Сања веќе неколку месеци живее со својот син Страхиња додека пак нејзиниот се уште законски сопруг се иселил од нивниот дом.

„По многу години сфатија дека се разликуваат нивните ставови и размислувања. Разговараа и сфатија дека е најдобро да се разделат во мир и секој да си тргне по свој пат. Кога се договорија околу сите детали, Сања остана во нејзиниот стан, а Александар се пресели на друго место. Моментално документите се на суд, а секој си го живее својот живот. Сања неодамна се одмараше во Ровињ. Оваа прилика Сања ја искористи за да се посвети на бројни прокети  на кои активно работи со месеци“, вели извор за „Блиц“.

По тој повод се огласи и Маринковиќ која накратко ги прокоментира овие пишувања.

фото: инстаграм/сањамаринковиќ

„Отсекогаш верував дека разделбата е лек кога љубовта започнува да бледи и дека секој од нас има право да сврти нов круг на љубов. Многу ги ценам своите емоции и својот мир, затоа нашата љубов повеќе не живее на иста адреса“ кратко одговорила Маринковиќ.

фото: инстаграм/сањамаринковиќ

Потсетуваме, Сања и Александар имаа многу интересна венчавка. Имено, тие склопија брак во автомобил додека се возеа кон аеродром. По венчавката, со синот, браќата и нивните сопруги отпатуваа во Париз.

Останати вести од Радио Милева