Радио Милева

Сања Барбика заврши со лисици на рацете! (фото)

Сања Барбика заврши со лисици на рацете! (фото)

Фолк пејачката Сања Барбика летото го минува бурно, што на настапи, што на плажа, а и луда забава по дискотеки низ земјава и регионот.

Атрактивната пејачка која сега од русокоси премина во бринета, тешко би ја препознале од порано, но она што го задржа за себе е ведриот дух секогаш отворен за забава и незаборавни моменти.

Барбика е доста активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, а деновиве ги пополни кусите приказни со една несекојдневна случка која таа ја доживеа во еден ноќен клуб.

Па така, додека со другарката се забавуваа на подиумот и ги привлекуваа погледите, поради некоја причина засега непозната, фолкерката заврши со лисици на рацете, по што го молеше обезбедувањето да ја ослободи.

Но, лицето задолжено за ред и мир и се закани дури и со пендрекот…

Зошто и каква била прилчината, не знаеме, но Сања Барбика знае најдобро дали сакаше да привлече внимание, па направи договор и атракција среде дискотека  со обезбедувањето и ги заскокотка социјалните мрежи.

Дека и било забавно е очигледно поради неколкуте „смајли“ икони во објавата.