Радио Милева
„војна на (фолк) ѕвездите“...

Сани Гроздановска јавно „ја подбра“ Сања – Барбика: „Дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име…?“ (ФОТО)

Сани Гроздановска јавно „ја подбра“ Сања – Барбика: „Дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име…?“ (ФОТО)

Корона пандемијата го запре светот, ама не ги запре навиките на луѓето. Ковид – 19 ја запре музиката, ја „замрзна“ естрадата паркирајќи ја во лер заради неможноста да се настапува пред публика, но тоа не ги запре естрадните уметници „чат-пат“ да имаат по некaква активност. Дали импровизирани онлајн настапи од дома,  снимања нови песни во музичките студија или гостувања и снимања емисии за разни продукции и телевизии, сеедно… Колку – толку, естрадата, особено онаа од фолкот, „мрда“, покажувајќи знаци на живот, та биле тие и „на апарати“…

И додека Ковид пандемијата запре многу нешта, истата таа естрада или барем поединци, покажуваат дека „војната ( во случајов на фолк) ѕвездите“, не може да ја запре ни короната.

Имено, деновиве на социјалните мрежи кои се повеќе стануваат „поле за културен натпревар меѓу народите“, пардон,  „поле за бескруполозна размена на навредите“ и повеќе од тоа, осамна споделен статус на фолкерката Сања Сани Гроздановска која очигледно влегла во „отворена војна“ со својата колешка, имењачката Сања „Барби“ Цинцева. Конфликтот на двете фолкерки или поточно лутината на Сани јавно осамна на еден од нејзините профили во прашална форма:

„Само да прашам… Сања Барби Цинцева дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име јавно? Ако не, да и купам четка и паста!“ – напиша пред неколку дена очигледно разгневената кумановка, прозивајќи ја својата струмичка фолк колешка, која во продолжението на дискусијата со познатиот ТВ продуцент Ване Петковски ја нарече: „…Една што е се’ во животот освен пејачка“!

Дали лутината на Сани  бргу и мина или сфати „што направи“, дека по принципот: „Што на ум – тоа на друм“ и не е баш секогаш паметно да се постапи, па решила набрзина да го избрише објавениот статус! Арано ама… „Мистер Гугл“ има долго паметење, па го зачува нејзиното напишано мислење за колешката.

Иако ниту Сани, ниту Барби потоа јавно не се изјаснија од каде толкав антигонизам, обилно збогатен со доза на револт и нетрпение помеѓу двете фолкерки, сепак естрадните кулоари ја „пронајдоа“ причината за лутината на Сани. Според се’ уште непотврдени информации, проблемот се вика – „Петте грации“!

Имено, споменатиот продуцент и познатата ТВ продукција за која работи, неодамна снимија музичко фолк шоу со 5 (нај)познати македонск фолк пејачки, насловено како „Петте грации“, во кое свои настапи имаат: Анета Мицевска – „Молика“, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Адријана Ацевска – „Кеш“  и Сања Гроздановска – „Сани“. Како што забележувате меѓу нив ја нема Сања Цинцева – „Барбика“, што било тема на муабет, во кој наводно прашањето било, дали таа не заслужува да се најде меѓу „Петте грации“, наместо Сани, која наводно не припаѓа меѓу нив?

Ваквите озборувања бргу дошле до ушите на кумановската фолкерка, која лута и навредена од спомнувањето на нејзинот име во таквата тематика, јавно „ја подбра“ Сања – Барбика!

Шоуто „Петте грации“ е веќе во најава и наскоро ќе ја доживее својата ТВ премиера, а ќе доживее ли јавноста да ја дознае вистинската приказна за кавгата помеѓу двете македонски фолкерки, останува да почекаме?! Што и да одлучат, која од нив и да реши да проговори, нашиот портал Вистина.ком.мк  е подготверн „прв вратата да и ја отвори“.

Фото: Фејсбук/ Јутјуб/ Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja

 

 

Останати вести од Радио Милева