Радио Милева
се или не се?

Сандра Африка и нејзиното бившо момче Владимир Волков во жестока секс акција: Пејачката и фудбалерот ја демантираат фотографијата која кружи на Интернет (ФОТО)

Сандра Африка и нејзиното бившо момче Владимир Волков во жестока секс акција: Пејачката и фудбалерот ја демантираат фотографијата која кружи на Интернет (ФОТО)

Српската пејачка Сандра Африка и фудбалерот Владимир Волков се повторно во епицентарот на вниманието, по скандалозната фотографија која кружи на социјалните мрежи која ги прикажува пејачката и нејзиното поранешно момче во жестока секс акција. Како што се зборува,  Африка тогаш попуштила пред шармот на згодниот Волков и за време на една нивна љубовна сеанса, му дозволила да го слика нејзиниот гол извајан задник, додека таа е јавната врз него. Но, тогаш не се ни надевала дека фотографијата ќе заврши во јавноста. Тоа е приказната која наводно се случила пред неколку години на море, случка која обајцата ја демантираат.

„Не знам за која фотографија се работи. И да имам нешто такво, лично никогаш не би си дозволил тоа да го пуштам во јавност, бидејќи тоа е катастрофа… најпрвин од човечки причини, а потоа од почит кон Сандра“ – изјавил Волков.

Сандра Африка исто така демантира дека фотографијата е автентична и дека тие двајца се на неа:

„До кога веќе?! Секоја мерка е надмината. Некои луѓе навистина би сакале да ме видат во афера. Нема такво нешто. Кои експлицитни или голи слики? Секогаш кога се појавува експлицитна или гола фотографија на анонимни девојки на кои не можат да се видат нивните лица, а потсетуваат на еден или друг начин на мене, веднаш се тврди дека сум тоа јас! Секако дека не сум“ – изјавила Сандра за српски Курир, која ја начекале како врти педали качена на статичен велосипед. А кога Сандра вежба, цела теретана се поти!

Останати вести од Радио Милева