Радио Милева

Само што се породи, веќе посакува трето: Тамара излезе од болница со бебето (фото)

Само што се породи, веќе посакува трето: Тамара излезе од болница со бебето (фото)
foto:insatgram

Пред речиси една недела пејачката Тамара Тодевска се породи во една приватна скопска клиника и на свет го донесе своето второ дете кое го носи името Дарен.

Откако и приредија специјален третман во болницата, а разни компании и брендови и испратија многу подароци за бебето, Тамара и семејството ја направија првата заедничка семејна фотографија и заминаа дома.

Откако тазе мама пристигна на домашен терен наздрави со чаша пијалок, а моментот го сподели на својот Инстаграм профил.

Во изјава за болницата таа вели дека сега како искусна мајка која родила двапати, веќе размислува и за трето дете.

acibademsistinababy.mk

„Овој пат навистина сè ми беше полесно, имам едно искуство зад себе и бев психички подготвена што ме чека. Имам среќа што Дарен е многу мирно бебе, се надевам таков ќе биде и дома. Здравје и за третото дете ќе ја бараме истата докторка, изјавува Тамара за Систина.

Како што беше за Хана, така и за Дарен, мама и тато го овековечија моментот пред заминувањето кон дома, само овој пат во проширен состав.