Радио Милева
Универзумот и прати знак

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (фото)

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (фото)
фото:јелена јованова/инстаграм

Нашата позната актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова, или периодов кај повеќето попозната како рецепционерката Јелена од Драчево, веќе и недостасува на македонската публика по завршувањето на 4-та сезона „Преспав“.

По повод крајот и на ова продолжение од популарниот македонски ситком, Јелена се обрати на својот Инстаграм.

-Сите приказни доаѓаат до крајот. Ви благоидарам на сите што бевте тука за нас, што не поддржавте, споделувавте вашето мислење, што не сакавте! Благодарам што бевте најдобрата публика. До следниот пат! – пишува Јелена.

фото:јелена јованова/инстаграм

Но, за Јелана ретко има пауза од работа, бидејќи Јеленче успешно ја гради својата кариера и пошироко од регионот. За потсетување, таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земајата на крвта и медот“, кој го режираше Анџелина Џоли. Во таа прилика и за оваа значајна улога, Јованова се спријатели со Џоли, а своевремено изјави дека се уште е во контакт со неа.

фото:јелена јованова/инстаграм

Со Анџелина се гледаа непосредно, а со Бред Пит се рамо до рамо ама на крстозбори на трафика. Актерката на својот Инстаграм објави фотографија на која се заедно со холивудскиот актер, таа на сканди, тој на судоку.

-Само ние двајцата, пишува Јелена во описот на објавата.


Како што тргнала, ако успеа да работи заедно со Џоли, зошто да не и со Бред Пит, па од сканди и судоку да преминат и на филмски сет.

Останати вести од Радио Милева