Радио Милева

Сака да биде покрај неа за време на породувањето: Мајката на Меган Маркл пристигна во Лондон

Сака да биде покрај неа за време на породувањето: Мајката на Меган Маркл пристигна во Лондон
фото: Профимедиа

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл треба да се породи во секој момент, па поради тоа во Лондон пристигна и нејзината мајка Дориа Рагланд.

Мајката на Меган ги откажала своите часови по јога и ги ангажирала нејзините пријатели да ја чуваат куќата во Лос Анџелес, за да таа биде покрај ќерката за време на породувањето.

„Како и секоја мајка Дориа сака да биде покрај својата ќерка во такви моменти“ вели извор за „The Sun“.

Како што пренесуваат медиумите, Меган ќе се породи во куќата во која неодамна се преселила за да го избегне фотографирањето пред болницата.

Најинтересно е што ако се роди пред 8 часот, кралицата не смее да се разбуди.

Од друга страна, деновиве медиумите пишуваа дека наводно Меган се породила во тајност, а тоа што принцот Хари сам се појави на роденденот на кралицата Елизабета уште повеќе ги зголеми овие гласини.